Разговор во живо
Вашиот тим одговара на посетителите од едно сандаче, во реално време.
- Прием и преземање разговори
- Основна аналитика
Лансирачки цени · од €14 месечно со годишно плаќање
AI асистент кој веднаш одговара на прашањата на купувачите од вашето знаење и каталог — а кога е потребен човек, разговорот го презема вашиот тим.
Почнете со разговор во живо и додадете AI и продавница кога ќе ви затребаат. Секој пакет ги вклучува можностите од претходниот.
Вашиот тим одговара на посетителите од едно сандаче, во реално време.
Одговара веднаш од знаењето што го внесувате — а операторот го презема кога треба.
Асистентот ги пребарува вашите производи и ги покажува како картички.
Понапредни модели, подолг контекст и увид во тоа што го прашуваат купувачите.
Без програмирање: еден ред код на вашата страница и асистентот е таму.
Пишете ни кој пакет ви одговара. Ви отвораме профил, а плаќате со картичка или по фактура пред почетокот.
Внесете што треба да знае — достава, плаќање, враќање — и прилагодете го изгледот на виџетот.
Залепете го кодот од конзолата на вашата продавница. Вашиот тим одговара од конзолата кога е потребен човек.
Секој пакет е надградба на претходниот. Плаќате однапред — без пробен период и без скриени трошоци.
Цените се прикажани месечно, а се плаќаат еднаш годишно.
Разговор во живо со вашиот тим, без AI.
€168 наплатено годишно · заштеда €36
Нарачајте BasicВклучено:
AI асистент што одговара од вашето знаење.
€384 наплатено годишно · заштеда €72
Нарачајте Standard AIСè од Basic, плус:
Асистент што продава од вашиот каталог.
€552 наплатено годишно · заштеда €108
Нарачајте Prodavnica AIСè од Standard AI, плус:
Напредни модели, подолг контекст и AI увиди.
€912 наплатено годишно · заштеда €180
Нарачајте PremiumСè од Prodavnica AI, плус:
Со асистирано поставување
Прецртаната цена е редовната цена на пакетот; сегашните цени се лансирачки.
Плаќате само за одговорите што ги праќаат вашиот тим или асистентот — прашањата на купувачите се бесплатни.
Пораките на купувачите никогаш не трошат кредити.
Секој одговор на вашиот тим, во секој пакет — и во Premium.
Основниот модел со 16k контекст е 1 кредит. Напреден модел и подолг контекст ја множат цената.
| Основен AI модел | ×1 |
| Напреден AI модел (Premium) | ×4 |
| 16k токени | ×1 |
| 32k токени (Premium) | ×2 |
| 64k токени (Premium) | ×4 |
Пример: напреден модел со 64k контекст = 1 × 4 × 4 = 16 кредити по одговор.
Претпоставка — поместете според тоа колку долги се вашите разговори.
Prodavnica AI
≈ 500
разговори месечно, проценка
1 кредит × модел ×1 × контекст ×1 = 1 кредит по одговор
Бројот на разговори е проценка, не гаранција. Без ДДВ.
Фиксни месечни износи — без попуст и без поскапување според начинот на плаќање. Се наплаќаат заедно со пакетот.
Постојан месечен додаток на кредитите, а не еднократно полнење.
€7 /месец €84 со годишен пакетУште еден член на тимот. Не додава нов бот.
€7 /месец €84 со годишен пакетГо трга логото на Webrecepcija од прозорецот за разговор. Не е вклучено во ниеден пакет, ни во Premium.
€45 /месец €540 со годишен пакетAI нацрти за одговори на е-пошта од знаењето на асистентот. Троши кредити. Premium вклучува една сметка.
€17 /месец €204 со годишен пакетГласовни разговори со асистентот. Трошат кредити. Вклучени во Premium.
€17 /месец €204 со годишен пакет„AI пакети“ се Standard AI, Prodavnica AI и Premium. Basic нема AI.
Сите лимити и можности, ред по ред.
| Можност | Basic€14/месецНарачајте Basic | Standard AI€32/месецНарачајте Standard AI | Prodavnica AI€46/месецНарачајте Prodavnica AI | Premium€76/месецНарачајте Premium |
|---|---|---|---|---|
| Лимити | ||||
| Кредити месечно | 1.000 | 2.000 | 2.500 | 10.000 |
| Зачувано знаењезнаци, вклучително производите | — | 5.000.000 | 6.000.000 | 12.000.000 |
| Корисницивклучително сопственикот | 1 | 2 | 2 | 5 |
| Ботови | 1 | 1 | 1 | 1 |
| Разговор во живо | ||||
| Разговор во живо со оператори | ||||
| Основна аналитика | ||||
| Изглед на виџетот по ваша мерка | ||||
| Историја на разговори | ||||
| Собирање контакти | ||||
| Контакт форма кога нема оператор | ||||
| Оценки на разговорите | ||||
| Предлог-прашања за продолжување | ||||
| Заштита од спам и ограничување на барања | ||||
| Само дозволени домени | ||||
| AI асистент | ||||
| AI одговори | ||||
| Знаење внесено како текст | ||||
| AI модели | Основен | Основен | Основен и напредни | |
| Контекст | 16k | 16k | 16k · 32k · 64k | |
| AI увиди од разговорите | ||||
| Резимеа на клиенти и разговори | ||||
| AI совети за продажба | ||||
| Продавница | ||||
| Картички за производи | ||||
| Поврзување со производите преку MCP | ||||
| Додавање во кошничка од чатот | ||||
| Залиха, цени и варијанти во живо | ||||
| Алтернативи кога производот е распродаден | ||||
| Статус на нарачка по е-пошта | ||||
| Со асистирано поставување | ||||
| Автоматско преучувањемесечно или неделно | ||||
| Паметење на купувачите што се враќаат | ||||
| Прилагодени AI API акции | ||||
| Прилагодени форми | ||||
| Аналитика на продавницатаприкажани, кликнати и додадени во кошничка | ||||
| Додатоци | ||||
| 1.000 кредити месечно | €7/месец | €7/месец | €7/месец | €7/месец |
| Дополнителен корисник | €7/месец | €7/месец | €7/месец | €7/месец |
| Без логото / ваш бренд | €45/месец | €45/месец | €45/месец | €45/месец |
| Email Copilot сметкаасистирано поставување · троши кредити | €17/месец | €17/месец | 1 вклучена | |
| Гласовни разговориасистирано поставување · трошат кредити | €17/месец | €17/месец | Вклучено | |
Цените на пакетите и додатоците се без ДДВ. Додатоците се наплаќаат месечно со месечен пакет, или 12 месеци однапред со годишен.
Сè за плаќањето, кредитите и пакетите.
Со годишно плаќање цената е прикажана месечно, а се плаќа еднаш за цела година — на пример Prodavnica AI е €46 месечно, односно €552 годишно. Со месечно плаќање пакетот се наплаќа секој месец и чини околу 20% повеќе.
Цените се во евра и не го вклучуваат ДДВ од 18%. Наплатата се врши во денари по среден курс на НБРМ. Може да платите со картичка или по фактура.
Не. Пакетот се плаќа пред да почнете да го користите. Ако сакате да проверите нешто пред да одлучите, пишете ни — ќе ви одговориме.
Кредит е еден одговор што му го праќа вашиот тим или асистентот на посетителот. Пораките на посетителите се бесплатни.
Одговорот на операторот чини 1 кредит во секој пакет, и во Premium. AI одговорот чини 1 кредит × множителот на моделот × множителот на контекстот: основниот модел со 16k контекст е 1 кредит, а напреден модел со 64k контекст е 1 × 4 × 4 = 16 кредити.
На 1-ви во секој месец, без разлика кога сте се претплатиле и дали плаќате годишно или месечно.
Ви праќаме е-пошта кога ќе потрошите 80% од месечните кредити, и уште една на 100%. Кога ќе ги потрошите сите, одговорите стануваат недостапни — и AI и од операторите.
Одговорите повторно работат штом купите дополнителни кредити, преминете на поголем пакет, или на 1-ви во месецот. Ако во последните 30 дена барем 10% од разговорите останат без ниту еден одговор, виџетот привремено се скрива додека кредитите не се обноват.
Тоа е колку знаење може асистентот да има зачувано во исто време — текстот што сте го внеле и вашите производи. Не е месечна потрошувачка, не се обновува секој месец и не е големината на контекстот.
Засега производите се бројат во истиот лимит на знаци; нема посебен лимит на број на производи.
Во Standard AI и Prodavnica AI знаењето го внесувате како текст во конзолата — достава, плаќање, враќање и сè друго што купувачите го прашуваат. Во Prodavnica AI асистентот ги пребарува и вашите производи преку MCP врската со продавницата.
Во Premium автоматското преучување е достапно со асистирано поставување.
Додатоците имаат фиксна месечна цена, без попуст за годишно плаќање и без поскапување за месечно. Се наплаќаат со пакетот: секој месец со месечен пакет, или 12 месеци однапред со годишен.
Дополнителните 1.000 кредити се постојан месечен додаток, а не еднократно полнење — и со годишно плаќање ги добивате секој месец. Дополнителниот корисник не додава нов бот. Логото може да се тргне само со додатокот, и во Premium.
Некои можности на Premium и некои додатоци не се вклучуваат сами — ги поставуваме заедно со вас. Пред да платите за нив, договараме рок кога ќе бидат подготвени.
Да. При премин на поголем пакет плаќате само разликата за преостанатиот платен период. Новите лимити важат веднаш, а веќе потрошените кредити не се бришат.
За премин на помал пакет, пишете ни и ќе го направиме рачно.
Откажувањето го запира следното обновување. Пакетот продолжува да работи до крајот на периодот што веќе сте го платиле.
Ако претплатата не се обнови, одговорите — и AI и од операторите — стануваат недостапни. Може да се најавите, но само за да платите со картичка или по фактура. По плаќањето сè повторно работи, доколку имате достапни кредити.
Секој пакет вклучува еден бот. Корисници: 1 во Basic, 2 во Standard AI и Prodavnica AI и 5 во Premium, вклучително сопственикот. Дополнителен корисник чини €7 месечно.
Изберете пакет и пишете ни — ви отвораме профил, а асистентот го вметнувате на продавницата со еден ред код.